Search

Николовски: Честит 11 Oктомври, заветот на борците е наша водилка, продолжуваме по патот на слободата

 Нема поголема чест од тоа да се обратам, во присуство на целото раководство на СДСМ, токму од тука од Куманово  и во име на СДСМ да го честитаме празникот 11-ти октомври.

Од градот херој кој не само што беше меѓу првите во народното востание туку ги даде и најголемиот број на народни херои.

Херои, борци, учесници во НОБ – Ви благодариме!

Ви благодариме што се вградивте во темелите на нашата македонска држава!

Ви благодариме што застанавте на страната против фашизмот!

Ви благодариме затоа што без вашата жртва, без вашата решителност и храброст немаше да можеме денеска да зборуваме за иднината.

Почитувани граѓани,

Заветот од учесниците на НОБ, она за што се изборија, а тоа е слободна и напредна држава во сојуз со прогресивните сили, мора да го чуваме и сите да бидеме посветени на тоа.

После 78 години повторно сме на чекор од остварување на уште една стратешка, национална, граѓанска цел: членство во НАТО и ЕУ!

Е тоа е вистинскиот патриотизам на денешното време, на денешната историја и на овие генерации.

Затоа велиме дека сме на прав пат! Продолжуваме, по патот на слободата, еднаквоста, патот на сигурноста!

Нека е честит 11 октомври!

Треба да знаете
Последни објави