Search

Николовски: Почнува реконструкцијата на магистралниот пат Крива Паланка-Деве Баир

Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски од Крива Паланка порача дека денеска е голем ден за неговите сограѓани бидејќи почнува проширувањето на магистралниот пат Крива Паланка-Деве Баир.

-Со многу заложба, посветено време и работа на Владата во која бев член како и на институциите во редот на големи капитални проекти што се започнати или започнуваат со реализација на терен е и реконструкцијата и проширувањето на магистралниот пат К. Паланка – Деве Баир. Денес имаме правосилно одобрение за градба на овој 13 километри долг пат со што градежните работи на изведувачот може да започнат. Вредноста на оваа нова инвестиција на Владата е над 10 милиони евра со грант од ЕУ од околу 2 милиони евра.

https://www.facebook.com/ljupcho.nikolovski.03/posts/1057042567995433?__xts__%5B0%5D=68.ARBf3rLY_vzs9hnIVzmzmWDHTShKOhyDWUHKOPCiHv08fwPmkEKArswCi0PAiCea67x25X6425jQrC3x_TGptgujX92bSniRzWTFRSLgryYDfvaUBcY_0g0zde152aobLTrb1cp-wbiVsoH4Y7FuAzr_1AZHOJyQ2jf1tqi096OldL12OHhlhjUkpFESLeLZSgrFRteNz29l-FI9Z3mVcn_FW2PbZZa2vrMXf7hO9c7JjOQJPHUxinEkd-JVbuH6Gw&__tn__=-R

Работите опфаќаат рехабилитација на првите 2.6 км, во продолжение проширување на патот со нова трета лента, напуштање на трасата и во еден дел изградба на целосно нова траса, реконструкција на два постоечки мостови и изградба на четири сосема нови мостови.

Во 2018 год. Собранието донесе закон за заем кај Европската банка за обнова и развој, во 2019 год. Јавното претпријатие за државни патишта ја спроведе и заврши целата постапка и сега на почетокот на 2020 год. овој значаен проект за овој регион и целата земја започнува со реализација и треба да заврши за две години во целост. Граѓаните паметат и знаат дека до пред две години овој наш регион беше заборавен и изолиран. Со многу посветеност и поддршка денес тука се реализираат меѓународни, регионални и локални историски проекти тешки стотици милиони евра. Се грижиме, помагаме но и инвестираме во инфраструктура за секој. Затоа што секој е важен!, напиша Николовски на Фејсбук.

Треба да знаете
Последни објави