Search

Ники Минаж го обвини Пирс Морган дека лаже за неа на Твитер

Раперката Ники Минаж влезе во војна со зборови со ТВ-водителот Пирс Морган откако тој ја обвини за ширење дезинформации за вакцината против Ковид-19 и за сукоб со професорката Крис Вити, главен медицински советник на британската влада.

Пирс твитна : „Професорката Вити како се расправа со грозната Ники Минаж (една од најбезбразните мали госпоѓи што сум ги сретнал) не е ударната вест што ја очекував денес – ама е добродојдена. Таа тргува со лаги што ќе чинат животи.”

Како одговор на ова, 38-годишната раперка напиша: “Господине, никогаш не сум ве сретнала. Знам дека сите ние изгледаме слично.’Најбезобразна мала госпоѓа ‘ – ми се допаѓа. Има посебен шмек. Фала Пирс. Го сакам акцентот. Би сакала сакам да разговарам со вас. Кловновски нос и големи црвени чевли за вас.“

56 -годишниот Пирс тогаш инсистираше дека веќе ја запознал Ники на America’s Got Talent. Тој дури и објасни што се случило на шоуто за таленти.

Треба да знаете
Последни објави