Search

Никарагва носи закон за лажни вести – до 4 години затвор за лаги на социјалните мрежи

Конгресот на Никарагва усвои закон со кој се регулира што може да се објави на социјалните медиуми и во вестите, потег критикуван од критичарите како дрзок обид да се задуши противењето на претседателот Даниел Ортега.

Според таканаречениот Закон за компјутерски криминал, затворски казни до четири години можат да бидат изречени за секој кој е прогласен за виновен за објавување лажни вести на социјалните мрежи или во вестите. Оние што ќе откријат информации кои не ги одобрила владата се соочуваат со казна затвор од четири до шест години, додека оние кои откриваат информации што ја загрозуваат националната безбедност се соочуваат со затворска казна од осум години.

Ортега се очекува да го ратификува законот, за кој гласаа 70 од вкупно 91 член на законодавниот дом. Усвојувањето на законот предизвика критики од опозиционите активисти и медиумските организации.

„Овој закон ја нарушува слободата на изразување на граѓаните, медиумите и социјалните мрежи. Тој бара жртвено јагне во опозицијата и медиумите што не е под контрола на владата”, рече опозицискиот пратеник Азучена Кастиљо.

Застапниците на Ортега во Конгресот веруваат дека законот ќе ги регулира сајбер, сексуалните и финансиските злосторства, како и ширењето лажни информации. Тие тврдеа дека слободата на изразување е веќе регулирана со уставот на Никарагва.

Провладиниот пратеник Хозе Зепеда ја обвини опозицијата дека ги користи социјалните мрежи за „клевети и понижување“. „Законот не зборува за ограничување на слободата на изразување. Како граѓанин, имам право да знам кој е изворот на информации”, рече Зепеда.

Ортега е на власт последните 13 години.

Треба да знаете
Последни објави