Search

Ние веќе една година го тераме тоа и премиерот знае, веќе 400 државјанства имаме дадено

Ние веќе една година го тераме тоа и премиерот знае, веќе 400 државјанства имаме дадено

Телефонски разговор означен со иницијали СМ, снимен на 9 јануари 2013, денеска 43 ти по ред преслушан во судницата каде се води процесот за Злосторничко здружување за изборни местенки, Титаник. Неговата содржина разоткри од кога почнала да се реализира идејата за гласачи од Пустец и чија била. Во разговор пред локалните избори, меѓу поранешниот началник на УБК, Сашо Мијалков и екс министерката за внатрешни се слуша како таа му одговара за акцијата за која тој до тогаш воопшто и не бил информиран. Мијалков за ова се заинтересирал откако вицепремиерот Муса Џафери се распрашувал што се случува со Кичевско, зошто толку Македонци од Албанија добиваат македонски државјанства.

„Ние веќе една година го тераме тоа и премиерот знае. Веќе 400 државјанства имаме дадено. Ќе прекинеме ако стане проблем, а и онака сега веќе пред избори не смееме. Јас гледав да ги протнеме на седница на Влада оти тоа оди како посебна точка, па ги ставав на дневен ред кога се декоцентрирани. Нив тоа им текнува, нив тоа им пречи. Кажи му, не сум знаел, а ние секако ќе прекинеме“, ќе каже Гордана Јанкуловска – обвинета во Титаник, во објавената снимка.

Во разговорот уште се слуша дека издавањето лични карти било и во Охрид, Ресен, Преспа. Во друг разговор со секретарот на ВМРО ДПМНЕ  Кирил Божиновски, Јанкуловска открива дека работата не смее да се шири, и не смее да бидат сите на една адреса , како што тоа порано го правел како што рече Љубе. Инаку освен за ова во бомбите кои се слушаа денеска најмногу беше присутен гласот на поранешниот министер за транспорт Миле Јанакиевски. Одбраната регираше што специјалната обвинителка Лиле Стефанова ги читаше имињата на обвинетите кои за прв пат се слушаат.

Инаку во 2011 година, на денот на парламентарните избори Јанакиевски постојано се интересира дали кол центрите вртат кај луѓето од списоците, дали се изнесени вработените и членовите на нивните фамилии чии броеви ги имале. Во 2013 та пак кандидатите за градоначалници потполниле меници а јанакиевски дава налог да се однесат на портирница кај екс заменик министерката за правда Биљана Бришковска која е и обвинета. Тој се интересира и дали е законски да се префрлат пари од партиската сметка на онаа кој е специјално отворена за изборите.

Треба да знаете
Последни објави