Search

Нигериска сојузна држава воведе кастрација и смртна казна за силувачите

Гувернерот на нигериската сојузна држава Кадуна го одобри законот со кој се воведува кастрација и смртна казна за осудени силувачи.

На мажите кои силувале лице под 14 години им се заканува кастрација и смртна казна, објави на „Твитер“ гувернерот на западната држава Кадуна, Насир ал-Руфаи.

Жените силувачи ќе бидат казнети со отстранување на јајцеводите и смртна казна, се додава во твитот.

На осудените силувачи на жртви над 14 години, покрај кастрација и отстранување на јајцеводите, им се заканува и доживотен затвор.

Нема официјална статистика за силување во Нигерија, но според извештајот на УНИЦЕФ од 2015 година, едно од четири девојчиња и едно од 10 момчиња се жртви на сексуално насилство пред да наполнат 18 години.

Новиот закон во конзервативната сојузна држава Кадуна е најстрогиот закон во западноафриканската земја.

Во преостанатите 36 држави, силувачите се соочуваат со затвор од 12 години или доживотен затвор, но ниедна не спроведува кастрација.

Треба да знаете
Последни објави