Search

„Не мајките“ жестоко удрија по мајките: „Не се бламирајте фатете се за работа, ако сте неспособни тогаш седете дома“

Oд 23 септември сите родителки се враќаат на своите работни места.

Откако беше донесена оваа одлука мајките кои се на породилно отсуство решија да протестираат пред владата за да го искажат своето незадоволство. По објавениот протест кој е закажан за денеска со почеток во 17:30 часот пред владата, на социјалните мрежи следа бурни реакции и критики од страна на мајките кои и во екот на пандемијата одеа на работа.

Еве дел од коментарите:

 

Според најавите протестот ќе биде одржан во Скопје, Кочани, Битола и Охрид.

Но, иако тие се организираат за протест министерот за здравство Венко Филипче упати јасна порака до сите родители:

– Како министер за здравство, но и како родител, свесен сум за предизвиците со кои се соочуваат родителите во овој период. Знам дека не е лесно да се прилагодиме на сите промени во работењето и во образовниот процес на своите деца. Но оваа состојба ќе трае и ние мора да најдеме начин да го продолжиме и работењето и образованието на децата на нов начин. Тоа бара жртва и многу напор и за жал нема идеални решенија. Значи мора да се вратиме на работните места, мора да придонесеме да се врати продуктивноста затоа што тоа се случува насекаде во светот. Ние ќе живееме со вирусот веројатно и цела следна 2021 година, мора да се научиме да ги почитуваме превентивните мерки и протоколите кои ги има за апсолутно сите економски оператори, угостителски објекти компании, фабрики училишта градинки, едноставно тоа ќе биде нашиот живот.

Треба да знаете
Последни објави