Search

Не е само рефлекс, бебињата вистински се смеат

Едно од најубавите чувства е кога бебе ќе ве погледне и ќе ви се насмее. Сепак, постои верување дека насмевката на бебињата не е вистинска, туку е само рефлекс.

„Премногу се мали за да знаат што значи тоа“ – ова сигурно сте го слушнале многу пати.

Сепак, науката вели поинаку. Доктор , која ја истражува психологијата на бебињата на Универзитетот Данди, спроведе неколку испитувања и откри дека има бројни докази дека бебињата вистински се смеат.

„Има знаци дека насмевката на бебето навистина е искажување на позитивни емоции на некаква содржина. За нас, луѓето кои се занимаваме со истражување на бебињата, тоа дефинитивно не е само рефлекс“, изјави таа за портал.

Доктор  објаснува дека многу луѓе не веруваат дека детската насмевка е вистинска бидејќи бебињата не размислуваат. Тоа мислење го делат и некои научници и го поткрепуваат со објаснување дека насмевките на бебињата не се „вистински“ бидејќи не ги вклучуваат мускулите околу очите, туку само околу устата.

Меѓутоа, доказите на докторката, покажуваат дека насмевката на бебињата е иста како и кај возрасните луѓе.

„Бебињата често ги мрдаат образите и веѓите пред да се насмеат, а тоа значи дека се фокусирани на лицето или на предметот пред себе. Според тоа, сосема е возможно дека навистина се смеат со причина“, вели таа.

Друг доказ што е во прилог на нејзиното мислење е дека бебињата можат да почувствуваат болка подеднакво силно како и возрасни лица и дека можат да управуваат сами со нивните емоции и потреби.

Повеќето бебиња прв пат се насмевнуваат по неколку недели од раѓањето, а кај некои тоа е забележано во првите 36 часа од раѓањето.

„Првите насмевки се всушност реакции на галењето на обравчето или стомакот, а може да ги поттикнат и слатки мириси и вкусови“, објаснува докторката.

Насмевката најчесто е одговор на љубовта на возрасните кон нив и нежноста што ја чувствуваат.

„Помалку е веројатно дека бебето ќе се насмее ако претходно плачело. Но, децата имаат неверојатна способност да управуваат со однесувањето на нивните родители. Често ве гледаат директно во очи, трепнуваат и се насмевнуваат, а потоа и родителите се насмевнуваат, што тие го сметаат за награда“, додава докторката

Исто така, децата повеќе се смеат кога се будни и во интеракција со некого, отколку кога спијат, што значи дека нивната насмевка има поента и не е случајна.

Треба да знаете
Последни објави