Search

Нејмар: Немам повеќе сила, СП во Катар ќе биде последно за мене!

Бразилскиот фудбалер Нејмар е еден од најдобрите во Бразил, меѓутоа често добива критики од страна на навивачите во неговата татковина и поради тоа донесе тешка одлука за неговата иднина во репрезентативниот дрес.

Нејмар постигна 69 голови за репрезентацијата и има голема шанса да го надмине Пеле, кој постигна седум повеќе, но Бразилецот никогаш не го освои трофејот на Светското првенство (СП), а тој смета дека Мундијалот во Катар ќе му биде последен во кариерата.

„Мислам дека тоа ќе ми биде последно СП: Го гледам како последно затоа што немам повеќе сила за да се соочам со фудбалот. Ќе дадам сѐ од себе за да бидам во добра форма и да го освојам Мундијалот со мојата држава и така да го остварам детскиот сон“, објаснува бразилскиот фудбалер.

Треба да знаете
Последни објави