Search

Неофит: Првин името, па статусот на Македонската црква

Прашањето за автокефалноста на Македонската православна црква ќе се поведе кога ќе се реши прашањето за името на земјата, изјави бугарскиот патријарх Неофит за „Њус.бг“.

„Кога ќе се разјаснат сите детали за името на Македонија, сигурно ќе се поведе прашањето за црквата“, изјави Неофит.

Кон крајот на 2017 година бугарската црква прифати да ја застапува МПЦ пред другите цркви преземајќи сè што е неоходно за утврдување на нејзиниот канонски статус, но не прифати МПЦ да ја признае како своја ќерка-црква.

БПЦ не испрати делегација на прославата на 100-годишнината од Охридската архиепископија на почетокот на минатата година.

Треба да знаете
Последни објави