Search

Нема потврда за посетата на Макрон

Францускиот амбасадор Кристијан Тимоние денеска изјави дека нема информации за тоа кога би се остварила посетата на претседателот на Франција Емануел Макрон на Скопје и Тирана, која тој самиот ја најави како можност за наредните месеци.

– Во моментот немам информација на таа тема. Претседателот навести дека би сакал да дојде во наредните месеци во двете земји, но во моментот немам дополнителни информации. Би сакал само да додадам дека тоа беше пред најавата за избори, рече Тимоние на прашање на средба со новинарите во француската резиденција посветена на појаснување на француските позиции во однос на недавањето на датум на нашата земја и на Албанија на Самитот на ЕУ во Брисел во октомври.

Тој додаде дека во врска со евентуалната посета за тоа постојат преговори меѓу соодветните нивоа на двете земји и за тоа ќе треба да поразговараме со двата партнери во однос на датите.

Треба да знаете
Последни објави