Search

Неколкумина осудени за „27 април“ поднеле барања за помилување до Иванов

Неколкумина осудени за случајот „27 април“ во изминатиот период поднеле барања за помилување до претседателот Ѓорге Иванов, ги потврдиле од кабинетот на претседателот за „Фокус“ шпекулациите кои излегоа во јавноста деновиве.

Според пресудата на судијката Добрила Кацарска повеќето обвинети беа осудени на високи казни затвор, а само оперскиот пејач Игор Дурловски доби ослободителна пресуда.

Меѓу барањата се наводно тие на Митко Чавков, како и од екс-директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање, Владимир Атанасовски и други

Иванов, на 12. април 2016. година, донесе одлука со која аболицираше 56 лица, што предизвика масовни немири и протести, па на 27. мај претседателот го повлече актот.

Треба да знаете
Последни објави