Search

Некои земји не ја сфаќаат климатската криза, сметаат од Организацијата за заштита на дивиот свет

Светската организација за заштита на дивиот свет (WWF) го поддржува усвојувањето на Регулативата за спроведување на Париската спогодба на Конференцијата за климатски промени на Обединетите нации (COP24), но во исто време изразува загриженост поради недостатокот на амбиција на поединечни земји за решавање на горливиот проблем со климатските промени.

Светските лидери дојдоа во Катовице, со задача да одговорат на најновите научни истражувања кои покажуваат дека имаме само 12 години да ги намалиме емисиите на штетни гасови за 50 проценти и така да го спречиме катастрофалното глобално затоплување. Значителен напредок е постигнат, но во Полска се покажа дека многу земји сé уште сериозно не ја разбираат оваа климатска криза“, рече Мануел Пулгар Видал, директор на програмата за клима и енергија на WWF.

Треба да знаете
Последни објави