Search

Неделковски: Фијаско со спортските ваучери, наместо грижа за спортот- партиски подмирувања

Интегрален текст од изјава на Влатко Неделковски од ВМРО-ДПМНЕ

Власта непосредно пред избори неправедно ги корумпира спортските клубови преку мерката спортски ваучер.

Даниел Димевски советникот за спорт на Зоран Заев предизборно дели ваучери во висина од 10 мил евра , со една и единствена цел – предизборен поткуп. Со минатогодишниот ваучер реализацијата е 60 проценти, односно 6 милиони евра. 4 милиони евра на спортските клубови и федерации пропаднаа заради нефункционалноста на мерката спортски ваучер.

Резултатите од мерката се покажаа катастрофални, па во декември побрзаа предизборно на своите блиски клубови и федерации да им ги реализираат ваучерите преку големите државни компании како ЕЛЕМ, РЕК Битола и други за речиси 2 мил евра или 33% од вкупната сума.

Спортската јавност постојано укажува на злоупотреби на ваучерите од власта, за нелогични распределби, без критериуми, па и вон закон. На крај во изборни цели формираа политичка ком исија на чело со Даниел Димовски, како главниот носител и промотор, пред се заради негови лични интереси.

-Натпреварувачката сезона се уште не е завршена. Врз која основа и на кои резултати на клубовите и федерациите се прави рангирање за тоа кој ќе земе повеќе а кој помалку?

Во олимписка година кога единствен начин да се појавиме на Олимпијадата во Токио е преку индивидуалните спортисти, срамно е токму тие да добијат симболични суми за финансирање на своите програми. На единствениот спортист со остварена А норма доделени му се само 11 илјади евра, од вкупните 10 милиони евра.

Женскиот спорт финансиски е фрлен на маргините со само 5% од вкупната сума. За тоа ли се залагаат жените во СДСМ?

Некои федерации целосно се изоставени од ваучерскиот систем, на пример фудбалската и пливачката федерација.

Премногу е воочливо дека одредени клубови миленичиња на власта, водени од партиски функционери, добиваат многу повисоки суми од оние со подобри резултати.

Почитувани,

Даниел Димовски во македонскиот спорт преку поделбата на ваучерите е претворен во Капо ди Тути Капи. Тој е советник на премиерот за спорт, претседател на комисијата за распределба на ваучерите, неофицијален директор на АМС со заспаниот Каевски, член во Управниот одбор на МОК.

На крај, Најголемиот скандал е доделувањето на ваучер на МОК во висина од 9 мил денари. А, Даниел Димевски е член на УО на МОК и Сашо Поповски Генерален секретар на МОК и двајцата членови на политичката комисија на СДСМ за поделба на ваучерот. Замислете сами на себе, независно и експертски си доделуваат 150.000 евра.

Почитувани,

Единствена грижа на Даниел Димевски и СДСМ е да се задоволат партиските другари поставени во федерациите и нивните клубови.

Спортот мора да се врати на спортистите. Наша цел се нашите деца и нивниот напредок, а не ситните и лични интересни на дел од естаблишментот во спортот.

Со победата на изборите во април и со победата и новата влада на ВМРО-ДПМНЕ, ќе заврши времето на мешетарите во спортот.

 

 

Треба да знаете
Последни објави