Search

Недела на стари лица

Црвен крст на град Скопје од 18-24 ноември ја одбележува Неделата на грижа за стари лица. Истата се организира преку социјалниот сервис ,,Дневен центар за стари лица и центар за давање помош во домашни услови”. Во рамките на неделата на грижа за стари лица се организираат повеќе активности и тоа: посета на днвен центар за стари лица од страна на центар за деца со церебрална парализа, информативни точки, фестивал на пензионерски хорови, посета на старски дом „Мајка Тереза” и „Вита Ве”

и централен настан Национална конференција: ,,Здраво стареење и социјални сервиси за старите лица„. Конференцијата ќе се случи на 19ти ноември во City Hall со почеток од 11ч, а свое обраќање ќе имаат градоначалникот  на Град Скопје г-дин.Шилегов, Секретарот на Црвен крст на град Скопје Сузана Т.Пауновска, а учесници на панел дискусијата ќе бидат: г-ѓа.Станка Трајкова Претседател на СЗПМ, проф.Иван Трајков од ФЗФ и г-дин.Душан Томшиќ од МТСП.

 Овој сервис е поддржан од страна на Градот Скопје, Албиз Фондацијата и Швајцарски Црвен крст. Целта на програмата е разој на вонинституционални форми на грижа за стари лица и промовирање на активното стареење. Преку програмата на активности се вклучени 195 стари лица во домашни услови и повеќе од 1000 лица на месечна основа во дневни центри за стари лица. Активностите ги проведуваат медицински персонал и волонтери на Црвен крст на град Скопје.

Треба да знаете
Последни објави