Search

НБРМ склучи нов меморандум за соработка со Европската инвестициска банка

Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и министерот за финансии, Драган Тевдовски имаа средби со високи претставници на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во рамки на Пролетните средби на групацијата на Светската банка (СБ) и ММФ во Вашингтон, информоираат од Нродната Банка.

„Тековните движења покажуваат умерен раст на домашните цени, а со тоа и отсуство на ценовни притисоци. Просечната годишна стапка на инфлација во првите три месеци од годинава е под нивото проектирано од Народната банка. Воедно, најновите оцени упатуваат на послаби притисоци од увозните цени годинава“, се вели во соопштението на НБРМ.

Делегацијата се сретнала со директорот на ММФ за Европа, Пол Томсен, со извршните директори на ММФ, Ентони де Ланој и Ричард Дорнбош, како и со шефицата на мисијата на ММФ за нашава земја, Џесмин Рахман.

„Во фокусот на состаноците, меѓу другото, покрај монетарната политика беа и економскиот развој и економскитепоказатели коишто ги следи централната банка. Гувернерката на Народната банка потенцираше дека расположливите високофреквентни податоци од почетокот на годинава упатуваат на натамошни поволни поместувања во економијата, што соодветствува со очекувањата за постепено забрзување на економскиот раст во наредниот период. Во однос на монетарните движења се осврна на растот на депозитите којшто го надминува проектираниот, како и на нивото на кредитниот раст во текот на минатата и првиот квартал на оваа година. На состаноците се говореше и за најновите проекции на ММФ за македонската економија“, велат од НБРМ.

На состаноците се разговарало и за резултатите на нашата централна банка со поддршка од ММФ.

„Постојано следејќи ги најновите европски и меѓународни стандарди и најдобрите практики, ние сме цврсто решени и натаму да унапредуваме повеќе сегменти на нашето работење и тоа е детерминирано и во нашиот Стратегиски план. Во таа насока, за нас ќе биде клучно да добиеме поддршка од ММФ, со цел што побрзо и поефикасно да оствариме дел од реформите коишто ги имаме зацртано“, порачала гувернерката Ангеловска-Бежоска.

На состанокот со потпретседателот наЕвропската инвестициска банка (ЕИБ), Андре Мекдовел и со генералниот директор на ЕИБ за кредитни операции, Жан-Кристоф Лало, бил склучен меморандум за соработка меѓу Народната банка и ЕИБ во спроведувањето на Анкетата за кредитна активност за земјите од Централна, Источна и Југоисточна Европа (ЦИЈЕ).

„Со приклучувањето на нашата централна банка во овој значаен проект на ЕИБ, ние добиваме можност уште еднаш да ја потврдиме нашата посветеност на активното учество во меѓународните иницијативи значајни за потемелното следење на тековите во економијата. На овој начин, како централна банка овозможуваме директна вклученост на повеќе банки од нашиот банкарски систем во Анкетата за кредитна активност на ЕИБ“, изјавила гувернерката на Народната банка по потпишувањето на меморандумот.

Треба да знаете
Последни објави