Search

На IFA 2019 се претставија брендовите Vivax, MS Start и MS Energy.

На најзначајниот саем за потрошувачка електроника во светот, IFA 2019 се претставија брендовите кои долго време ги задоволуваат потребите на корисниците на македонскиот пазар Vivax, MS Start и MS Energy. Тие заедно го претставија својот асортиман на публиката во ЕУ.

„Vivax веќе 15 години е препознатлив на територија на Хрватска и соседните држави како бренд кој има одличен баланс помеѓу цената и квалитетот. Успешно работиме во Адрија регионот и нашата цел е во наредниот период да го развиеме нашето работење на пазарите во средна и северна Европа. Паралелно продолжуваме со развојот на нашето работење на големите пазари на западна Европа како што се Германија, Франција, Италија и Шпанија”, истакнува Бркљача.

„Паком Компани како член на M San групација е водечки дистрибутер во Македонија и е присутен на пазарот од 1991 година со најголема партнерска мрежа со повеќе од 500 партнери. Во своето портфолио има повеќе од 15.000 производи од над 50 познати производители меѓу кои се и сопствените брендови Vivax, MS Start и MS Energy.” рече продукт менаџерот за Vivax во Македонија, Филип Трифуновски
На 50 метри квадратни од модерно дизајнираниот изложбен простор во павилјон 25 од Берлинскиот IFA саем се изложени повеќе од сто производи. Овој простор беше место за работни состаноци и договори со дистрибутери и корисниците на територијата на ЕУ, Русија и Блискиот исток.
На IFA 2019 саемот Vivax го претставува целиот асортиман на производи. Од широко познатите и повеќекратно наградените Vivax клима уреди од Best Buy и QUDAL, Vivax малите куќни апарати па сѐ до Vivax телевизорите признаени од корисниците. На саемот ќе се претстави и најновиот Vivax Pure Sound паметен телевизор кој доаѓа од сопственото производство на ТВ уреди сместени во Ругвица, веднаш до Загреб. Сопственото производство лоцирано во Хрватска на Vivax му дава полно право да на своите ТВ уреди го истакне нивното ЕУ потекло.

Во прилог Ви го испраќаме целосното соопштение.
Ви блаагодариме на објавата во Вашиот медиум.
Треба да знаете
Последни објави