Search

На 23 октомври Европарламентот ќе гласа за новиот состав на Еврокомисијата

Европскиот Парламент ќе ги ислуша предложените нови комесари од 30 септември до 2 октомври, соопшти денеска на прес конференција претсетаелот на ЕП Давид Сасоли.

Тој додаде дека пратениците ќе гласаат за составот на новата Европска комисија на 23 октомври. Сасоли прецизира дека на денешната средба на претседателите на парламентарните групи било изразено несогласување со предлозите за некои од задачите на идните еврокомесари.

Следната недела раководството на ЕП ќе се сретне во Стразбур со новоизбраниот претсетедел на ЕК, Урсула фон дер Лајен за да се разгледа тоа прашање.

Треба да знаете
Последни објави