Search

На 1 јуни почнува уписот на првооделенците во основните училишта во Кисела Вода

Врз основа на член 60 од Законот за основно образование (Сл.Весник на РСМ бр.161/2019) и член 3-б од Уредбата со законска сила за изменување и дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за основно образование, основното образование е задолжително за сите деца од шест до петнаесет години. Образованието трае девет години и се организира во три периоди.

Општина Кисела Вода известува дека уписот е задолжителен за децата кои до крајот на декември 2020 година ќе наполнат 6 (шест) години, односно задолжителен за сите деца родени во текот на 2014 година.

Уписот ќе се врши од 1 до 30 јуни 2020 година во општинските основни училишта на територија на Општина Кисела Вода, со целосно почитување на реонизацијата и местото на живеење на децата.

Родителите се должни при уписот, да ја достават следната документација:

–       извод од матична книга на родени за детето;

–       потврда за примени задолжителни вакцини на детето издадена од надлежна здравствена установа;

–      потврда за извршен стоматолошки преглед, издадена од матичен стоматолог.

Заради запазување на мерките за спречување на ширење на пандемија, родителите потребно е задолжително да закажуваат прием во основните училишта на следните телефонски броеви:

  1. ООУ „Кузман Јосифовски Питу” – психолог, Злата Анчевска078 248 628

-дефектолог Маја Бањанска, 078 416 017 и одделенски наставник Светлана Симоновска 078 447 399

  1. ООУ „Партенија Зографски” – одговорно лице Елена Петрушевска, педагог, 078 200 271
  2. ООУ „Невена Георгиева Дуња” – тел 078 344 993 Калина Спироска педагог; тел. О2 2776 230
  3. ООУ „Кирил Пејчиновиќ” – oдговорно лице е педагогот на училиштето Жаклина Стојановска тел. за контакт 075 246 465
  4. ООУ „Круме Кепески” – Павлина Трипуновска- Директор, тел: 078/356-120 и

Сашка Донева- секретар, тел: 078/356-124

  1. ООУ „Рајко Жинзифов” – централно: педагог Весна Рафескател: 070 344-279

 -подрачно:психолог Јасмина Пакашки  тел 075 288 261

  1. ООУ „Кузман Шапкарев” – педагог, Марта Стојановска – тел. 075/373-093
  2. ООУ „Св.Климент Охридски” – одговорно лице Елена Петрушевска, педагог, тел. 078 200 271
Треба да знаете
Последни објави