Search

На Хименез му е направена итна операција на главата

Вулверхемптон прескапо ја плати победата на гостувањето кај Арсенал (1:2) во рамките од 10. коло на англиското фудбалсо првенство. На самиот почеток од натпреаврот тешка повреда на главата заработи играчот на Вулверхемптон, Раул Хименез кој откако оттана да лежи на теренот неподвижен веднаш беше префрлен во болница каде му е извешена под итно и хирушка интервенција.

Мексиканскиот голгетер Хименез настрада во еден воздушен дуел со Давид Луиз. По деталните прегледи кои му биле направени во болница во Лондон му била извршена операција на черепот, а утрово со соопштение за здравствената состојба на Хименез се јави и неговиот клуб.

-Раул се чувствува добро по синоќешната операција. Тој веќе ја виде својата партнерка Даниела и сега му следи период на одмор. Во следните денови ќе остане под лекарски надзор, по што ќе го почне процесот на рехабилитација. Сакаме да му се заблагодариме на медицинскиот персонал во Арсенал, на брзата помош, болничкиот персонал и на хирурзите, кои за така кратко време ни беа од огромна помош. Исто така, замолуваме за период на приватност за Раул Хименез и неговото семејство, се вели во соопштението на Вулверхемптон.

Треба да знаете
Последни објави