Search

На судењето за 27 април се читаат пораки од мобилниот телефон на Крсто Мукоски

Судењето за крвавиот четврток денеска продолжи со читање на пораките од одземениот и вештачен мобилен телефон на обвинетиот пратеник Крсто Мукоски.

Пораките кои се читаат денеска во судницата се од Вибер и СМС комуникации на Мукоски направени на 27 април 2017.

Крсто Мукоски е обвинет за отворање на вратите од Собранието на РМ заедно со пратениците Сашо Василевски и Љубен Арнаудов со што дозволиле граѓаните насилно да влезат во парламентот каде беа нападнати пратеници.

На обвинителната клупа за упадот во Собраниет се и пратениците Љупчо Димовски, Јохан Тарчуловски, потоа ексдиректорот на БЈБ, Митко Чавков, началниците во МВР, Митко Пешов, Душко Лазаров, обезбедувачот на Трајко Вељаноски, Горан Ѓошевски – Леви, вработените во МВР, Оливер Поповски, Оливер Радулов, Сашко Марковски, Мунир Пепиќ од Агенцијата за разузнавање, собранискиот обезбедувач Абдуљфета Алими, Елена Доцевска-Божиновска, Иван Цветановски.

Обвинети се и иницијаторите на движењето „За заедничка Македонија“, Борис Дамовски, Богдан Илиевски – Бетмен Велит, Владо Јовановски, Игор Дурловски. Обвинети се и Стефан Младеновски, Михаил Младеновски, Захарие Симовски, Младен Додевски, Јане Ченто, Горанче Ангеловски, Игор Југ, Илија Славески, Влатко Трајков, Вилијам Михајловски, Никола Митревски – Кољо, Александар Василевски – Нинџа и Митре Питроповски.

Треба да знаете
Последни објави