Search

На Стевчо Јакимовски одземен му е пасошот и ќе се јавува во суд

На Стевчо Јакимовски одземен му е пасошот и ќе се јавува во суд

Дојде опколен со 4-ца финансиски полицајци, со поздрави кон камерите и бесен одговор поради новинарското прашање.

Си замина без пасош, но со топли прегратки од сопартијци од ГРОМ кои го чекаа пред судот.

Екс градоначалникот на Карпош Стевче Јакимовски е осомничен од финансиска полиција за злоупотреби во функцијата и дека ја оштетил општинската каса за околу 600-тини илјади евра, пари кои најголемиот дел завршиле на фирмата Алконпроект која требала да изведе градежни работи на општински бараки и на фирмата СМ компани за градежни работи на плоштад во Жданец. Финансиската полиција тврди во пријавата дека Јакимовски наредувал усно на 4-цата осомничени кои се од општина Карпош како да ги спроведуваат постапките и ги потпишал јавните набавки без соодветни банкарски гаранции. Полицијата претресуваше во две негови куќи, но не нашле ништо твдри Јакимовски, кој смета дека не се извршени никакви злоупотреби.

И неговата ГРОМ и коалициската ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека станува збор за политичка хајка за да се сокријат актуелните проблеми и скандали на владата на СДСМ. Истото го смета и самиот Јакимовски. За вербалниот напад кон новинарот пред судот кога мрсно опцу, Јакимовски не се извинува туку објаснува.

Судот одлучи да го прифати барањето на обвинителството и на Јакимовски, но и на останатите 4-ца осомничени кои во спорниот период работеле во Карпош им ги зеде пасошите и им определи мерка јавување во судот додека трае истрагата по сомнежите за финансиски злоупотреби од 600-тини илјади евра од буџетот на скопската општина.

Треба да знаете
Последни објави