Search

На протестите во Франција уапсени 700 луѓе, од кои 575 во Париз

На протестите на „жолтите елеци“ во Франција уапсени се 700 луѓе, од кои 575 во Париз. Силни полициски сили се обидоа да ги запрат демонстрантите кои се движат низ центарот на Париз. На улиците на француската престолнина има 8.000 полицајци, дури и оклопни возила за прв пат по повеќе децении, за да се спречи насилството кое ги одбележа протестите минатата сабота.

Може да се забележи чад, оган и барикади по улиците на Париз, како и оклопни возила.

Како што пренесуваат француските медиуми, околу 20.000 граѓани протестираат и во Нант, каде дошло до судири меѓу демонстрантите и полицијата, а уапсени се десетина лица. Протести има и во други градови.

Полицијата испали солзавец кон демонстрантите на плоштадот во Париз, а протестите се одвиваат на неколку стотина метри од Елисејската палата, резиденцијата на претседателот Емануел Макрон. Демонстрантите возвратија со боци и метални шипки, петарди, се слушаат експлозии.

Треба да знаете
Последни објави