Search

На протестите во Франција се роди љубов – се организираше венчавка помеѓу двајца припадници на “жолтите елеци”

Се запознале на протестите кои се случувале блиску источниот Тарб, додека изразувале незадоволство поради најавите за поскапувањето на горивото, што на крајот предизвика голема политичка криза за владата на Макрон, а нивната приказна заврши со венчавка.

Во саботата на 8 декември, двајца припадници на “жолтите елеци” во придружба на уште 20 пријатели и познаници, припадници на истото движење организирале венчавка, пренесува Ла Депеш.

На наплатните рампи кај Семек во Високите Пиренеи, помеѓу знамињата на движењето и божиќните дрвца поставени на патот, организирана беше и венчавка.

Невестата беше облечена во импровизиран жолт фустан, а главата ја прекри со вел и венче од жолто цвеќе. Нејзиниот избраник се одлучи за работнички жолти панталони и јакна со иста боја.

Пред 50 претставници од движењето и кумови, венчавката била предводена од лидерот на локалниот синдикат. Сите присутни носеле жолти елеци.

Сепак, за нивниот брак да биде успешен и легален, младоженците мора да застанат и пред вистински матичар.

Треба да знаете
Последни објави