Search

На неделните координативни средби во Собранието на С. Македонија на местото од Николовски ќе оди Маричиќ

На денешната седница, Владата заклучи да се измени Заклучокот донесен на Првата седница на Владата, одржана на 1 септември 2020 година, со кој Љупчо Николовски е определен  за претставник на Владата од редот на министрите, којшто ќе учествува на неделните координативни средби во Собранието на Република Северна и го определи м-р Бојан Маричиќ, министер за правда, за претставник на Владата од редот на министрите, којшто ќе учествува на неделните координативни средби во Собранието на Република Северна Македонија.
Исто така беше донесен и заклучок со кој министерот за надворешни работи Бујар Османи беше одреден за потпишување на Спогодбата за партнерство, трговија и соработка меѓу Република Северна Македонија и Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, како и придружните ноти на имплементација на Спогодбата во контекст на протоколот за Ирска/Северна Ирска меѓу ЕУ и ОК.

Владата на денешната седница, во делокругот на кадровски прашања го именуваше Зоран Петров за Национален координатор за имплементација на национална платформа за намалување на ризици од несреќи и катастрофи на Република Северна Македонија.

Треба да знаете
Последни објави