Search

На Кина и се закануваат нови дождови и поплави

Кинескиот источен брег во текот на неделата го очекуваат обилни дождови, откако во петокот во југозападниот дел на Кина поплавени се голем број села и туистички локации.

Кинеското Министерство за управување со кризи соопшти дека поради поплавите речиси 14 милиони луѓе во 26 различни процинции се загрозени од бурите и поплавите, а евакуирани се 744.000 луѓе.

Во поплавите загинаа или исчезнаа 78 луѓе, а директната економска штета изнесува 27,8 милијарди јуани (3,93 милијарди долари).

Треба да знаете
Последни објави