Search

На Канарските осторви зпленет околу еден тон кокаин

Во акцијата наречена „Фалкуша“, ​​што ја иницираше хрватската полиција, на Канарските острови во Шпанија е запленет скоро еден тон кокаин, што во улична продажба има вредност од над 40 милиони евра, соопшти хрватското Министерство за внатрешни работи. Од полицијата изјавија дека собрале првични информации за трансатлантскиот шверц на големи количини кокаин, во кој, како припадници на т.н. „Балкански картел“, биле вклучени хрватски граѓани.

Заради меѓународниот карактер на криминалните активности, хрватската полиција иницираше трилатерална соработка со шпанската цивилна стража, француската царина, а акцијата беше поддржана од Европол, американската ДЕА, британската НЦА, холандската национална полиција и полицијата на БиХ. Министерството за внатрешни работи посочува дека истрагата е насочена кон криминалната ќелија во рамките на т.н. „Балкански картел“ кој обезбедуваше „услуги“ за шверц на дрога со едрилици и јахти. Оваа криминална ќелија се состои од најмалку тројца хрватски државјани кои биле „регрутирани“ од картелот за шверц на кокаин во странство со едрилица.

Едрилицата е регистрирана во Хрватска и пловеше под хрватското знаме.

Утврдено е дека хрватските граѓани со едрилицата испловиле од Шибеник на почетокот на годината, а кон крајот на август пловеле по африканска шверцерска рута од Канарските острови јужно кон брегот на Западна Африка, каде организираните криминални групи ангажирани од картелот го натоварале кокаин на хрватскиот едрилица.

При претрес на едрилица на Канарските острови биле откриени вкупно 980 пакувања со околу 980 килограми кокаин со висока чистота, соопшти хрватското Министерство за внатрешни работи.

Според досега собраните информации, кокаинот бил наменет за европскиот, вклучително и шпанскиот и хрватскиот илегален пазар на дрога.

Треба да знаете
Последни објави