Search

На интернет објавени четири прислушувани разговори

На интернет пред неколку часа објавени се четири телефонски прислушувани разговори. Зад објавата стои извесен корисник „Илија громовник“, а разговорите се објавени на мрежата „Vk.com“ под хаштагот „Чичо“ и „Македонија“

Во првиот разговор се слуша гласот за кој што пишува дека е на порнаешниот претседател Бранко Црвенковски како разговара со соговорничка за извесен „Дамјан на Рада“. Видеото е насловено„Црвенковски ги објаснува ГРЧКИТЕ фирми на Манчевски“.

Во вториот разговор се слушаат гласовите, за кои што пишува дека се на професорот Љубомир Данаилов Фрчкоски и политичкиот аналитичар, Алберт Муслиу, како разговараат за процесот за лустрација.

Третиот разговор носи наслов „Кочо и Саше проблем за ЕЛЕМ и државата“.

Во последниот објавен разговор се слушаат, како што пишува, гласовите на сегашниот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, и ексминистерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска како се координираат како да настапат пред медиумите.

Специјалното јавно обвинителство апелираше сите граѓани кои имаат какви било информации за постоење прислушувани материјали, да му ги предадат на Обвинителството.

Треба да знаете
Последни објави