Search

На изборите во САД победил покоен сопственик на бордел обвинет за силување

Избирачите од мала рурална област во Невада, кои се традиционално републикански симпатизери, на вчерашните избори гласаа и избраа кандидат кој веќе не е жив, но додека беше жив беше обвинет за силување. Но тоа не е сè. Починатиот Денис Хоф поседувал и неколку бордели, а поинал во еден од нив.

Хоф, кој беше пронајден мртов минатиот месец, беше поддржан од 63 отсто од гласачите во неговата изборна единица за собранието на Невада. Бидејќи за време на неговата смрт веќе биле испечатени гласачките ливчиња тој не можел да биде повлечен од изборите.

Неговото пратеничко место сега е празно, па специјална комисија од таа избирачка единица ќе одреди негов наследник.

Кампањата на Хоф беше пропратена со огромни реклами на кои републиканскиот кандидат ветува дека ќе ги укине даноците и ќе ги заштити правата на поседување и носење оружје.

Богатниот сопственик на синџирот бордели почина на 16 октомври во еден од нив. Претходната вечер го прослави 72-от роденден со прекрасна забава.

Треба да знаете
Последни објави