Search

На државно првенство во женска одбојка во Велес ученичките од ООУ „Партенија Зографски” освоија 3 место

На финален турнир, на државно првенство во женска одбојка во Велес ученичките од ООУ „Партенија Зографски” направија голем успех, освоија 3 место.

Пехарот и дипломата на одбојкарките од Кисела Вода им ги додели градоначалникот на Велес, Аце Коцевски.

Минатата година истото училиште на државното натпреварување заврши на 2 место. Турнирот го организираше Федерацијaта за училишен спорт на Република Северна Македонија.

Треба да знаете
Последни објави