Search

На Боки 13 и Кичеец притворот им е продолжен за уште 30 дена

Бојан Јованоски и Зоран Милевски -Кичеец, осомничени во истрагата „Рекет“, остануваат во притвор во истражниот затвор „Скопје“, бидејќи мерката притворот им е продолжена за уште 30 дена.
– Заради интерес на повеќе медиуми, ја информираме јавноста дека – Кривичниот совет при Основниот кривичен суд – Скопје постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за продолжување на мерката притвор за Б.Ј. и З.М. опфатени во предметот во медиумите познат како „Рекет“, по разгледување и ценење на фактите и доказите донесе решенија со кои го прифати предлогот и ја продолжи мерката притвор за нови 30 дена, велат од Основен суд Скопје1.
Треба да знаете
Последни објави