Search

На Балканот има најголема смртност на патиштата во Европа

Податоците од направената студија на Европската комисија за транспорт за безбедност на патиштата (ETSC) за 2019 година донесоа подaтоци кои ги поставија Бугарија и Романија на последните две места во однос на смртноста на патиштата во Европа. Анализирани се 32 земји, меѓу нив ја нема Македонија, Албанија, Косово,  и БиХ. Но и без нив Балканот е меѓу земјите со највисока стапка на смртност.

Според статистиката смртните случаи во текот на минатата година достигнале ниво од 22.660 лица, што претставува пад од 3 проценти во однос на 2018 година. Од анализираните 32 земји од ETSC, кои се вклучени во специјалниот индекс PIN (ETSC Road Safety Performance Index), 16 отчитуваат намалување на смртните случаи, а најдобрите показатели се во Луксембург (39% намалување), Шведска (32%), Естонија (22% ) и Швајцарија (20%). Во 12 држави има зголемување на смртните случаи, а во податоците на другите четири нема измени.

Податоците на ETSC покажуваат дека бројот на смртните случаи низ патиштата во Бугарија се зголемил за 2,7 проценти на годишно ниво и е на ниво од 90 случаи на милиони жители, со оглед на тоа што просекот на Европа е 51 случај на милион. Уште полоша е ситуацијата во Романија, каде бројките велат 96 смртни случаи на милион жители.

Македонија и Србија ги нема во рангирањето што може да се забележи и од фотографијата.

Превземено од 24ауто

Треба да знаете
Последни објави