Search

На аеродром во Германија запрена патничка со коските на нејзиниот сопруг во кофер

На аеродромот во Минхен била запрена Ерменка (74) која во коферот носела човечки коски, објавија германските сојузни власти.

Службениците ги откриле остатоците во дрвена кутија и ги повикале царинската служба, лекар и државниот обвинител да го преземат необичниот случај.

Жената имала намера со својата 52-годишна ќерка да ги пренесе коските од Грција преку Минхен и Киев во Ерменија за да ги закопа таму.

Документите покажуваат дека човекот починал во 2008 година и бил закопан во местото на живеење во близина на Солун.

Федералната полиција утврдила дека носењето на тие коски не е нелегално и жената го продолжила патот.

Треба да знаете
Последни објави