Search

Наќе Чулев е закана за здравјето, неговата неодговорност поттикна прекршување на мерките и забраните

Христијан Мицкоски,  Наќе Чулев и кадрите на ВМРО-ДПМНЕ свесно го рушат системот за заштита од коронавирусот и предизвикуваат негово натамошно ширење.
Целата јавност сведочеше на масовно непочитување на мерките и забраните додека полицијата на Чулев не преземаше ништо.
Тоа придонесе прекршувањата на мерките и задолженијата за заштита од коронавирусот, да станат побројни, што директно влијае врз зголемувањето на бројот на новозаболени од коронавирус.
За Чулев е најважно да ги брани прекршоците на неговиот шеф Мицкоски наместо да воспостави ред во почитувањето на мерките и задолженијата за заштита од коронавирусот.
Неспособноста и неодговорноста на Наќе Чулев и на неговите кадри е очигледна и штетна за јавното здравје и затоа тој треба веднаш да си поднесе оставка.
Треба да знаете
Последни објави