Search

Најчест симптом на Ковид-19 според истражувања

Симптомите на Ковид-19 влијаат на речиси секој дел од телото, од главата до прстите на нозете, но и нова студија го потврдува претходното истражување кое укажува на тоа дека еден од најчестите симптоми е температура.

Во студија објавена на почетокот на ноември во списанието „Журнал за итна медицина”, научниците ги објавија резултатите од студија за проучување на симптомите кај речиси 12.000 луѓе тестирани на Ковид-19 во градот Њујорк.

Во таа група најчести симптоми кај позитивен тест за коронавирус беа: треска – 74 проценти, отежнато дишење – 68 проценти, кашлица – 65 проценти.

Исто така, неодамнешна шпанска студија спроведена на над 12.000 лица хоспитализирани поради коронавирус, покажа дека 86 проценти имаат температура, 76 проценти кашлица и 60 проценти имаат тешкотии при дишењето.

И претходна студија на хоспитализирани пациенти со Ковид-19 во Кина покажа дека 99 проценти имале температура, 70 проценти пријавиле замор и 59 проценти имале сува кашлица.

Но, температурата е вообичаена реакција на многу вируси бидејќи имунолошкиот систем ја зголемува телесната температура во обид да се одбрани и да го уништи „напаѓачот”.

Бидејќи овој симптом често се поврзува со Ковид-19, многу институции воведоа мерења на температурата на вратата за да се обидат да го олеснат ширењето на вирусот.

Сепак, фактот дека некој нема температура не мора да значи дека не е заразен со коронавирусот.

Некои инфекции можат да бидат придружени со лесна температура или воопшто да немаат. Приближно 40 проценти од заразените со коронавирусот можеби никогаш нема да создадат симптоми, што им овозможува на луѓето кои не се свесни дека се болни, ненамерно неколку дена да го пренесуваат Ковид-19.

Треба да знаете
Последни објави