Search

Најмладата ќерка на Трамп стана вирален хит поради гафот со чевлите

Смејството на американскиот претседател Доналд Трамп (72) отпатува на Флорида за да го прослават заеднo  Денот на благодарноста. Тоа беше можност да се соберат сите членови на семејството, вклучувајќи ја и најмладата ќерка на Трамп, Тифани (25), која не може често да се види во јавноста. Тифани, која живее со мајката Марла Мејплс (55) во Калифорнија, не ни сонуваше дека ќе стане вирален хит. Најмладата ќерка на претседателот се дотера за прошетката со својата сестра Иванка Трамп (37), но таа заборави да ја симне цената на чевлите што објективите успеаја да го фатат, а најмладиот член на кланот Трамп веднаш стана хит на социјалните мрежи.

Тифани отсекогаш беше помалку познатата ќерка која Трамп до неодамна не ја споменуваше во медиумите. За време на претседателската кампања, Тифани стана составен дел од семејството, и познато е дека, за разлика од Иванка, таа често не се појавува во јавноста.

Треба да знаете
Последни објави