Search

Најмалку 30 луѓе загинаа при нападот во Кабул

Најмалку 30 луѓе се убиени при нападот врз административните згради во Кабул, соопшти авганистанското Министерство за внатрешни работи.

Меѓу загинатите 26 се цивили и еден полицаец.  Тројца напаѓачи се убиени во операција на авганистанските безбедносни сили, при што се ослободени и 260 луѓе, кои беа заложници на екстремистите.

Во нападот повредени се 17 лица, 16 цивили и еден полицаец.

Две од трите нападнат згради веќе се проверени од припадниците на авганистанските безбедносни сили, а се пребарува третата зграда од екстремисти и  да ослободат евентуални заложници.

Нападот почна со активирање на автомобил бомба, потоа екстремистите отворија оган и влегоа во административните згради земајќи заложници.

Засега се уште никој не презе одговорност за нападот.

Тоа е 22 напад во Кабул од почетокот на годината, при што вкупно загинаа над 510 луѓе, а повредени се повеќе од илјада.

Треба да знаете
Последни објави