Search

Најмалку 18 загинати и повеќе од 550 повредени во земјотрес во Турција

Најмалку 18 лица загинаа во  земјотресот,  со јачина од 6,8 степени според Рихтеровата скала, кој синоќа ги  погоди источните делови  на Турција.

Според првите луѓе на окрузите Елазаг и Малатија, бројот на повредени е повеќе од 550 и тоа не е конечна бројка.

Епицентарот на земјотресот бил  во источниот турски регион Елазаг, а  ударот  бил  почувствуван дури и во соседните земји како Ерменија, Грузија, Либан и Сирија се до  во Тел Авив.

Земјата и натаму се тресе од секундарните земјотреси кои продолжуваат во областа со силина од повеќе од 5 степени според Рихтеровата скала. Според експертите, тие можат да траат и до една недела, по ваков силен земјотрес.

Во погодените општини испратени се 418 спасувачи и пожарникари од различни области низ цела Турција. Управата за вонредни состојби  ноќеска доставила  приближно 1.700 шатори и кревети и 9.200 покривки. Метеоролозите предупредуваат на неповолноста на температурите и за тоа дека дека ноќните температури можат да се спуштат до -12 степени под нулата и предупредуваат на ризик од измрзнатини на оние кои ќе мора  да ја поминат ноќта на отворено.

Министерот за одбрана на земјата, Хулуси Акар, рече дека армијата е подготвена да обезбеди помош до колку биде побарано.

Аеродромот на регионалниот центар Елазаг функционира и копнените врски со соседните области не се прекинати. Мобилните оператори обезбедуваат за  жителите од погодената област бесплатен интернет и минути за разговори на мобилните мрежи.

Според првичните проценки, напукнати се и ризични најмалку 100 згради , а луѓето се предупредени да не влегуваат во нивните домови поради ризик да бидат поклопени од постојаните секундарни  земјотреси. Турските медиуми јавуваат дека бројот на загинати и повредени не е конечен и тоа ќе се знае во текот на денов. Досега од урнатините е спасен  најмалку еден човек, а се бараат уште 30 лица во областа Елазаг.

Министрите за внатрешни работи, за здравство и животна средина и за јавно здравје се на местото на трагедијата.

Синоќа македнскиот премиер Оливер Спасовски  преку порака ирази силна поддршка и солидарност со Турција и турскиот народ.

-Сочувство до семејствата на загинатите во страшниот земјотрес. Нашите мисли вечерва се со турските граѓани. Подготвени сме да помогнеме поарача техничкиот премиер на Република Северна Македонија Оливер Спасовски.

Порака со поддршка и сочувство испрати и екс премиерот Зоран Заев.Тој на твитер напиша:

-Стигаат вознемирувачки вести од Источна Турција како последица на силниот земјотрес кој се случил вечерва. Изразуваме сочувство до семејствата на жртвите и посакуваме колку што е можно помала штета. Нашите мисли вечерва се со турскиот народ.

Треба да знаете
Последни објави