Search

Најмалку 11 убиени во близина на Франкфурт, убиецот пронајден мртов во неговиот дом

Напаѓачот кој пукаше и убил десет лица синоќа во два наргиле бара во германскиот град Ханау во близина на Франкфурт, денеска е пронајден мртов во неговиот дом. Тоа го објави полицијата во покраината Хесен на Твитер.

Специјалните полициски сили пронајдоа уште еден труп во домот. Истрагата е во тек. Се уште нема информации за други сторители, се вели во соопштението.

Засега нема информации за мотивите на напаѓачот.

 

Треба да знаете
Последни објави