Search

Најмалку 11 загинати во експлозија на автомобил бомба во сирискиот град Африн

Во експлозија на автомобил бомба денеска во сирискиот град Африн загинале 11 лица, а има и многу ранети, соопштија медицински извори и воената надзорна група. Минатата година овој град, што дотогаш го контролираа курдските борци, беше заземен од бунтовниците кои уживаат турска поддршка.

Експлозијата одекнала на влезот во градот и во неа загинале цивили, меѓу кои има и деца, соопшти воената надзорна група на сирискиот Центар за мониторинг на човековите права, чие седиште во Велика Британија.

Центарот и медицинските извори соопштија дека уште многу други цивили се ранети во експлозијата, од кои некои имаат многу тешки рани.

Африн се наоѓа северно од Алепо, во близина на турската граница. До минатата година Африн беше под контрола  на курдските Сили за заштита на народот, кога бунтовниците, во офанзива поддржана од турските сили, го зазедоа и градот и неговата околина.

Иако засега се завршени борбите од поголеми размери, во многу делови на Сирија владее видлива несигурност заради бомбашки и други напади што за свои цели ги имаат токму цивилите, а ги изведуваат сите засегнати страни во судирот.

Треба да знаете
Последни објави