Search

Најмалку 10 полицајци загинаа во Авганистан во напад на талибанците

Најмалку 10 полицајци загинаа и четворица се ранети во Авганистан во судир со припадници на талибанците во северната провинција Кундуз.

Според информации на службата за безбедност, меѓу загинатите е и началникот на полицијата во таа провинција. Талибанците загубиле тројца свои припадници во престрелката.

Нападот на талибанците бил ивршен во текот на ноќта врз два пункта во областа Имам Сахиб.

Треба да знаете
Последни објави