Search

Најмалку осуммина авганистански војници убиени во напад на талибанците во Пактија

Најмалку осум владини војници загинаа, а деветмина други се повредени во ноќешните напади на талибанците врз безбедносни пунктови во југоисточната провинција Пактија, соопштија денеска авганистанските власти, пренесе ДПА.

-Војниците се грижеа за безбедноста на повеќенаменската брана во областа Ахмад Аба, изјави за ДПА покраинскиот советник Мохамед Рахман Кадери.

Двајца локални претставници соопштија дека милитантите киднапирале и 12 цивили во областа Самкани, во истата покраината.

Гувернерот на округот Абдул Рахман Зурмати тврди дека талибанците им се закануваат на луѓето кои работат со владата.

Милитантната група засега не ги коментираше нападите и изјавите на официјалните претставници .

Талибанците пред два дена  активираа камион бомба во главниот град на Пактија, при што загинаа најмалку пет лица, а беа повредени десетици други.

Во централниот дел на провинцијата Гор, талибанците нападнаа контролен пункт во главниот град Фирозкох, убивајќи тројца владини војници и земајќи 11 заробеници, изјави друг претставник.

Борбите во Авганистан се интензивираа откако претседателот Ашраф Гани и нареди на војската неделава да изведе офанзива против талибанците по нападите врз болницата породилиште на „Лекари без граници” во Кабул и на погребот во Нангархар во кој загинаа повеќе од 50 луѓе, потсети ДПА.

Треба да знаете
Последни објави