Search

Најмалку девет повредени во експлозија во супермаркет во Австрија

Најмалку девет лица се повредени во експлозија што се случи во супермаркет во јужниот дел на Австрија.

После експлозијата во супермаркетот „Сент Јодок ам Бренер”, кој се наоѓа меѓу Инсбрук и италијанската граница, избувнал пожар.

Локална спасувачка служба соопшти дека никој од повредените не е во животна опасност.

Се уште не се знае причината за инцидентот

Треба да знаете
Последни објави