Search

Најмалку девет загинати и тројца повредени во пожар во хотел во Индија

Пожарот што избувна изутринава во хотелот „Арпит палас” во Њу Делхи однесе најмалку девет животипренесува „Соутник“, цитирајќи го директорот на Противпожарната служба во Делхи.

„Девет лица се мртви, меѓу кои има жена и дете, а тројца се повредени”, изјави Г. Ц. Мисра.

Според „Њу Индиан експрес”, пожарот е изгаснат.

Заменик-началникот на Противпожарната служба, Сунил Чудари, изјави дека повредените сехоспитализирани Двајца членови на персоналот на хотелот скокнале од четвртиот кат од хотелот во обид да се спасат, а нивната состојба се уште не е позната“.

Според извештаите во медиумите, причината за пожарот не е утврдена. Локалните власти почнаа истрага за инцидентот.

Наводно, спасени се 35 лица, а сите повредени биле однесени во болница. Еден локален службеник на Противпожарната служба изјави за агенцијата АНИ дека луѓето не можеле да ги користат коридорите за евакуација бидејќи биле затворени со дрвени облоги.

Треба да знаете
Последни објави