Search

Најлудите суеверија што мора да ги знаете пред да патувате во овие земји

Најдобрите искуства од патувањата се запознавањето на различни народи, култури и начини на живеење, локалните обичаи, ритуали, но и суеверија.

Прочитајте ги овие најлуди суеверија пред да го закажете вашето следно патување, бидејќи може да ги навредите вашите домаќини или да ве снајде некоја неволја поради неинформираност.

Индија

Во Индија никако не смеете да викнете некој кој веќе излегол од куќата да се врати назад за да му кажете нешто што сте заборавиле. Суеверието вели дека тоа ќе му донесе несреќа на човекот.

Италија

Многу Италијанци веруваат дека бројот 17 е анаграм за VIXI што значи „живеев“, што е симболичен начин да се предвиди смртта.

Затоа Италијанците одбегнуваат да патуваат на 17-тиот ден од месецот и генерално се плашат од овој датум како што Американците се плашат од петок 13.

Кина

За Кинезите, бројот што треба да се избегнува е 4. Многу згради избегнуваат да го нумерираат четвртиот кат, така што лифтот ќе ве однесе директно на петти.

Русија

Русите имаат еден обичај да седнат на куферот ред да тргнат на патување бидејќи веруваат дека тоа ќе им донесе среќа. Во спротивно…

Норвешка

Ако Норвежанец ви рече „тва, тви“ тоа значи дека ви фрла „клетва“ со која ви посакува сѐ најдобро за да не ви се случи нешто лошо по пат.

Велика Британија

Додека во САД црните мачки се сметаат за предзнак за несреќа, во Велика Британија се смета дека е вистинска среќа ако црна мачка ви го „пресече“ патот.

Јапонија

Јапонците сметаат дека ако перницата ви е завртена кон север, тоа го скратува животот, па немојте да се чудите на распоредот на креветите и перниците во собата кога ќе отидете во Јапонија.

Португалија

Слично како Индијците, Португалците не сакаат да се враќаат назад. Што и да заборавиле, не се враќаат по истиот пат по кој дошле бидејќи сметаат дека така „го повикуваат ѓаволот“.

Треба да знаете
Последни објави