Search

Најефикасен натпревар на Томпсон по враќањето од повредата

Минатата ноќ во најсилната кошаркарска лига беа одиграни два натпревари на кои до триумфи стигнаа екипите на Голден Стејт вориорс против Детроит пистонс (102-86), додека Минесота беше подобра од Њујорк со 112-110.

Голден Стејт немаше проблеми против еден од најлошите тимови во НБА-лигата и само во првото полувреме постигна 66 поени, односно имаше предност од 28 поени разлика.

Во второто полувреме на паркетот шанса доби и Немања Бјелица, кој одигра речиси 20 минути, а го заврши мечот со осум поени и седум скокови, додека Клеј Томпсон беше најдобар со 21 поен, а Стеф Кари даде 18 поени.

Минесота покажа дека е во добар ритам затоа што славеше против Њујорк на гостински паркет, а натпреварот го одбележа Карл Ентони Таунс, кој на пола минута пред крајот постигна кош под прекршок за конечен резултат. Ентони Едвард беше најефикасен со 21 поен кај победничкиот тим, додека Еван Фурние постигна 27 поени на спротивната страна.

Треба да знаете
Последни објави