Search

Најдоброто за Карпош- Се бориме за родова еднаквост и успесите на жените во Општина Карпош

Во прилог известување и видео линк за промоција на програмата, најдоброто за Карпош на Душко Весковски

„Со заеднички сили, во наредните 4 години, ќе делуваме и дејствуваме за родова еднаквост. Насочени сме на проекти кои ќе им ја подобар позицијата на жените во општината и ќе им ги признаат квалитетите, без компромис.

Нашата политика во наредните четири години е доследна примена на државните политики за родова еднаквост и верификација и признавање на квалитетите, заложбите и успесите на жените во Општина Карпош.

За реализација на тие политики, уште во првата година од мандатот ќе формираме Совет на жени, кој ќе го предводат жени лидери во областите во кои дејствуваат и во кој, низ различни форми, може да членуваат сите заинтересирани жени во Општината.

Клучната улога на Советот на жени ќе биде преку учество во креирањето политики и изготвувањето проекти спроведување на родовата еднаквост во Општината.

Поддршка на жените од ризични групи, а особено наша цел ќе биде олеснување на секојдневниот живот на самохраните мајки со изготвување и спроведување проекти во соработка со НВО што се занимаваат со оваа проблематика.

Треба да знаете
Последни објави