Search

Најден е мртов маж кај железничкиот мост во Скопје

Најден е мртов маж кај железничкиот мост во Скопје

Утринава под железничкиот мост во Скопје е пронајден мртов маж. Неговото тело е пронајдено на кејот на реката Вардар во близина на транспортниот центар. Телото било забележено некаде по 10 часот, од кога екипи на МВР се излезени на терен и вршат увид, јави Пресинг ТВ.

Неофицијално, според првичните податоци станува збор за странски државјанин. Се уште не се познати причините за смртта на човекот.

https://pressingtv.mk/makedonija/najden-e-mrtov-maz-pod-zeleznichkiot-most-vo-skopje/

Треба да знаете
Последни објави