Search

Најголема болка на извршителот Мицкоски е што не успеа да ги исполни желбите на неговиот шеф Груевски и да го одбрани криминалот

ВМРО-ДПМНЕ, извршителот Мицкоски и неговиот шеф Груевски се поразени од пратениците, од народот, од СДСМ и од сите политички и граѓански сили кои и мислат добро на земјата.

Стравот во белиот дворец кулминира со носењето на Законот за јавно обвинителство со кој се реализира заложбата за градење на силни, независни и професионални јавни обвинителства.

ВМРО-ДПМНЕ е толку безидејно и очајно што тргна во секојдневни и неосновани напади врз членови на семејството на претседателот Заев, преку измислување лажни вести, нешто што го прават постојано и не им успева.

Силната меѓународна поддршка од пријателите на нашата земја, јавно искажана денеска и вчера е најсилната порака за значењето на овој закон и за успехот на СДСМ и Зоран Заев.

СДСМ е за правда и одговорност, ВМРО-ДПМНЕ е за амнестија на криминалците, за обнова на режимот и изолацијата.

Секој што се огрешил и ќе се огреши пред законот ќе одговара. Тоа е најголемата болка на извршителот Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.

Извршителот Мицкоски направи се да го спречи носењето на овој закон, да ги исполни желбите на неговиот шеф и да одбрани криминал. Не успеа!

Граѓаните, државата се цврсто определни да одат напред и ниту Мицкоски ниту ВМРО-ДПМНЕ нема да ги вратат чекор назад во изолација и режим.

Северна Македонија е веќе 30 земја членка на НАТО, на чекор сме до преговори со ЕУ!

Треба да знаете
Последни објави