Search

Наумоски на МТВ: Со украдените пари за Белата палата ќе направевме Клинички центар, градинки и училишта

-Ние живееме во дигитален свет, во делот на иселување на младите државата има проблем, секој бара нов предизвик, но ние со проектот за изградба на Клиничкиот центар даваме еден траен белег на општината Ѓорче Петров, да се гради во областа на Веле поле, да се искористи за бањски туризам, хотели, мотели во вредност од 500 милиони евра, рече  Александар Наумовски сегашниот и кандидат на СДСМ за иден градоначалник на Ѓорче Петров во гостувањето на дебатата на МТВ.
-Сите 7 капитални проекти кои ги ги ветивме се веќе реализирани, изградивме најмодерна градинка во Волково не само во Македонија туку и во Европа, базени, фотоволтаици, новата амбуланта, сменети се речиси сите азбестни покриви на училиштата, во новата програма има две нови градинки, само така ќе ги задржиме младите да функционираат во општината и државата. За споредба со парите за изградба на Белата палата ќе се направеа и Клинички центар и градинки и училишта, дополни Наумоски.
Треба да знаете
Последни објави